Tips & Tricks: нега на накит

Со правилна нега, вашиот накит ќе го задржи сјајот со години. Нашите парчиња се изработени од нерѓосувачки челик со позлатена завршница, а дел од моделите се во сребрена боја. Челикот е издржлив и отпорен на корозија, но завршницата е тенок слој што најмногу го трошат триењето, влагата и хемикалиите. Еве неколку едноставни навики што прават голема разлика.

1. Последен додаток

  • Ставете го накитот последен, откако ќе се дотерате – по парфемот, кремата, лакот за коса и шминката.
  • Тргнете го прв, пред да се соблечете или да ја отстраните шминката.

2. Избегнувајте вода и хемикалии

  • Тргнете го накитот пред туширање, пливање во базен или море и пред сауна. Хлорот и солената вода ја оштетуваат завршницата.
  • Не го носете додека користите средства за чистење, белило или растворувачи.
  • Избегнувајте директен контакт со парфем, креми за тело и крема за сончање – оставете ги да се впијат пред да го ставите накитот.

3. Тргнете го при активности

  • Пред вежбање, спорт или физичка работа – потта и ударите го забрзуваат абењето.
  • Пред спиење, за да избегнете свиткување, закачување и гребење.

4. Нежно чистење

  • Користете мека крпа од микрофибер или мека четка за нежно чистење.
  • По потреба, исплакнете накратко со млака вода и неколку капки благ сапун, а потоа веднаш и темелно избришете со сува мека крпа.
  • Не користете паста за заби, абразивни средства, течности за чистење сребро ниту ултразвучни чистачи – можат да ја изгребат завршницата и да ги олабават цирконите.

5. Грижа за цирконите

  • Цирконите бришете ги нежно со мека четка за да го вратите сјајот.
  • Избегнувајте удари и закачување на облеката, за да не се олабави лежиштето на каменот.

6. Чувајте го одделно

  • Чувајте го секое парче одделно, во кутијата или кесичката, за да избегнете гребнатини и заплеткување.
  • Чувајте го накитот на суво место. Бањата, поради влагата, не е идеална за чување накит.
  • Затворете ги копчињата на синџирчињата и алките пред да ги оставите, за да не се заплеткаат.

7. Редовно чистење

  • По секое носење, избришете го накитот со мека сува крпа за да ги отстраните потта и масните траги.
  • Редовно чистете го накитот за да спречите насобирање нечистотии и да го зачувате сјајот.

Брз потсетник

  • Последно го ставате, прво го тргате.
  • Без вода, парфем и хемикалии.
  • Мека крпа – без абразивни средства.
  • Секое парче во своја кесичка, на суво место.

Ако и покрај правилната нега забележите проблем со вашиот накит, пишете ни на info@miraz.mk – постапката за рекламации е опишана во Политика за враќање и замена.

Вашата кошничка

Додадете уште 300 ден за бесплатна достава!

Нема производи во кошничката.

Променете ги критериумите за пребарување и обидете се повторно

Назад во продавницата
Сите категории
Пребарај
Најбарани зборови
Препорачани производи